Опасност од пожар ја затвора салата домаќин на РК Струга

162

Салата во Струга „Нико Нестор“, во која што многу често своите мечеви како домаќин ги игра ракометниот клуб Струга, но и други спортски екипи од овој град, е затворена од трудовата инспекција. Причина за ова е дотраеноста на објектот кој што според информациите ниту од далеку не ги исполнува оптималните услови за организирање на спортски настани. Поточно, кровот прокиснува, па има опасност во вечерните часови кога рефлекторите се запалени да дојде до краток спој и пожар.

Токму затоа, оваа сала повеќе нема да биде домаќин како на спортски настани, така и на дом на многу млади спортисти кои што учат во школите од Струга, а часовите од физичкото образование ги обавуваа токму тука.

ПретходноМакедонија поразена од Египет, Ѓорческа поради повреда предаде
СледноМИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ ГЕНЕРАЛЕН ПОКРОВИТЕЛ НА 56.ТРАДИЦИОНАЛЕН ИЛИНДЕНСКИ КАЈАК СЛАЛОМ ИКАС 2025