Цеск Фабрегас ќе го преземе РБ Лајпциг од следната сезона?

112

Неколку водечки германски медиуми пренесуваат дека Цеск Фабрегас е главен кандидат за тренер на РБ Лајпциг од следната сезона.

Шпанецот моментално е на клупата на екипата на Комо во Серија А, каде што има одлични перформанси. Се вели дека „биковите“ разгледуваат неколку опции, меѓу кои и Роџер Шмит, кој претходно работеше во неколку бундеслигашки клубови.

Фабрегас преку својот агент потврдил дека е заинтересиран за понудата на РБ Лајпциг, но преговорите би ги започнал дури по завршувањето на сезоната, затоа што во моментов е окоупиран со Комо и битката за опстанок во италијанската елита.

ПретходноШтип УГД направи прв чекор кон финалето на плеј-офот
СледноПеп ќе купува лев бек од Тотенхем