Дали Вардар и Пелистер се „збратимија“ во име на Алкалоид?

2172

Чудно, но вистинито. Во само два дена, две соопштенија од двата најсериозни кандидати за освојување на шампионската титула.

Прво Вардар 1961 се огласи против Алкалоид, откако тимот од Автокоманда најавил жалба за одредени ситуации за дуелот во СЦ „Јане Сандански“. Тука нема ништо чудно, бидејќи секој тим има право да се жали, но чудно е зошто „црвено-црните“ се огласија кога ниту самите не се сигурни дали навистина има жалба или пак во позадина има нешто друго?

Не поминаа ниту 24 часа се огласи Пелистер, и тоа за изјава која се случи пред мечот меѓу Вардар 1961 и Алкалоид. Реакцијата на битолчани е симптоматична бидејќи истата не дојде одма, туку се чекаше…Зошто актуелниот првак чекаше толку долго време не е јасно, ниту разбирливо.

Кога ќе се анализира на кратко целата ситуација и двете соопштенија на Вардар 1961, па на Пелистер, едно е јасно – хајка против Алкалоид.

Да, против единствениот тим кој создава македонски играчи, и не сака да биде лоша копија на пример на Пелистер, кој и натаму се потпира на странски играчи за домашниот шампионат, Ненад Костески седи на клупата додека Богдан Радивојевиќ ужива во сите благодети, а со тоа и Србија на која, како и на сите останати земји и ги „билдаме“ репрезентативците и тоа за домашни мечеви. Дојде време и еден Жарко Пешевски да добива многу поскратена минутажа…Политика…

Да не ја отвараме темата поширо, во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение.

Реакцијата на Пелистер доаѓа пред мечот со Алкалоид, што пак е доста лошо, на овој начин се создава дополнителна тензија – што е спортивно на спортот.

Но, останува да видиме како ќе изгледа реакцијата на Пелистер и Вардар после нивната прва пресметка…Сезоната е долга. Лани се бркаа по трибини, се препукуваа со соопштенија, тогашниот прв човек на Вардар, а сегашен министер за спорт, Борко Ристовски, изнесе бројни замерки за гостувањето и начинот на дочек во Битола.

ПретходноИзбувна војна меѓу Матиќ и Онана – „се вмеша“ и Аморим
СледноНезаборавна шлаканица за Лука Модриќ од соблекувалната на Реал Мадрид