Евролига: Олимпијакос заврши прв, Тавареш со „тројка“ ја смири белградска Арена

339

Кошаркарите на Олимпијакос успеаја да го победат Макаби со 99:93 во последното коло од евролигата и со тоа да ја освојат пол-позицијата пред стартот на нокаут фазата. Избраниците на Јоргос Бартокас најавуваат атак на титулата европски клупски шампион, па од позицијата број еден веројатно се треба да им биде полесно во разигрувањето.

Дербито на денот се одигра во Минхен, каде Фенербахче оствари важен триумф против Баерн – 89:77. На овој начин турскиот тим се зацврсти барем на втората позиција пред почетокот на плеј-офот, а прашање е на која позиција ќе заврши Баерн.

Воедно, во натпревар без резултатско значење за пласман во нокаут фазата, Олимпија Милано на Ненад Димитријевиќ кој вечерва не доби шанса во тимот на домашните,  славеше убедливо над Басконија со резултат 111:89.

Во белградска Арена, Партизан претрпе пораз од Реал 91:89 и тоа со тројка во последните секинди на Тавареш. Партизан имаше предност се до завршницата, но Реал покажа класа и успеа да однесе победа.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноИОК потврди: На ЛОИ 2028 ќе има пет нови спортови и рекорден број медали
СледноКЛ: Чурлинов одигра цел меч во поразот на Јагиелонија кај Бетис (ВИДЕО)