Македонија со пораз и од Унгарија на Миљан Миљаниќ

192

Македонската репрезентација до 16. години го заврши турнирот Миљан Миљаниќ кој што се одржува во Стара Пазова, Србија на четвртото место.

Денеска нашите млади фудбалери во борбата за четврто место беа поразени од репрезентацијата на Унгарија со конечни 2:1. Стрелец на единствениот гол за нашиот тим беше Коста Бошковски, играчот на Вардар.

Откако во првиот дуел против Србија загубивме со 2:0, овојпат избраниците на селекторот Драган Начевски одиграа далеку подорбро.

Овој силен турнир секако за нив претставува уште едно супер искуство и собирање што е можно повеќе информации како да се игра против квалитетни противници.

 

ПретходноСноуборд Македонија со добар настап во Банско
СледноЧурлинов вечерва против Бетис