Мбапе кажа погрешни зборови, навивачите го уништија: Не знаеше дека му платија 100 милиони

545

Килијан Мбапе се најде на удар на навивачите откако во едно интервју изјави дека парите не му се важни кога решил да потпише за Реал Мадрид.

Килијан Мбапе потпиша огромен договор со Реал Мадрид. Платата е повеќе од 30 милиони евра годишно, има бројни бонуси, но Французинот тврди дека љубовта кон клубот била пресудна.

Тоа го истакна во изјава од пред неколку дена.

“Сакав да играм за Реал и не ми беше тешко да изберам помеѓу клубот и парите. Секако дека парите се важни во животот, морам да се грижам за моето семејство, но најважно е да бидам среќен”.

Мбапе доби 100 милиони евра само за потписот на договорот со Реал, па поради оваа изјава беше ’фатен во заби’ на социјалните мрежи.

„Кутриот, едвај врзува крај со крај.

„О, да. Кога ќе потпишете за Реал, семејството се лизга кон банкрот“.

„Веројатно е навикнат на толку многу пари што неговиот договор во Мадрид е всушност пени.

„Тешко е да се живее со 500.000 евра неделно, но барем јас сум среќен. “Каква скромност. Икона.”

Мбапе е навистина одличен во својата прва сезона во Реал Мадрид. Имаше бавен почеток, но како одминуваше сезоната играше се подобро и подобро.

Сезонава настапи на вкупно 47 натпревари и постигна 32 гола и четири асистенции.

Сепак, клубот е во тешка ситуација и лесно може да се случи оваа сезона да остане без трофеј и тоа би било многу поразително за Мбапе.

ПретходноМакедонија У19 со двомеч против Словачка
СледноИ ГРК Тиквеш со соопштение: Тешко на новото раководство на РФМ, ќе треба да исполнува многу желби за мир во „куќа“