Под генерално покровителство на Министерството за спорт, викендов (12-13 април 2025 година) на патеката „Матка“ ќе се одржи 56-то издание на Илинденски кајак слалом – ИКАС 2025.
Министерот за спорт Борко Ристовски на денешната прес конференција организирана во пресрет на настанот, ги поздрави учесниците и ја потврди заложбата за поддршка на овој спор и на ИКАС како натпреварување со долгогодишна традиција.
– ИКАС е традиционално натпреварување кое треба да се поддржи и да се негува. Како Министерство за спорт силно се залагаме една од најстарите спортски манифестации во Македонија да ја издигнеме на повисоко ниво и да дадеме придонес како генерален покровител на овој настан. Се надевам на успешна организација и соработка и во иднина со новиот претседател на Кајакарската федерација во насока на исполнување на амбициите за организирање и на други силни натпреварувања – рече министерот Борко Ристовски
Претседателот на Кајакарската федерација на Македонија, Роберт Папазов ги соопшти техничките детали и ги повика љубителите на кајакот в сабота и недела да дојдат на Матка и да бидат дел од ИКАС.
-За мене како поранешен кајакар сега како претседател на Кајкарската федерација на Македонија, организацијата на ИКАС претставува особена чест и одговорност. Благодарение на поддршката од Министерството за спорт ќе ги рализираме сите барања за организацијата на ова традиционално натпреварување. Упатувам благодарност до Министерството за спорт, до Град Скопје и до сите кои го поддржа овој настан и се надевам дека публиката викендов ќе дојде на Матка во голем број да им даде поддршка на кајакарите – порача Папазов.
Нашиот најдобар кајакар Ангел Петрушев посакувам добра трка и во добро светло да се претстави пред домашната публика.
– Се надевам на добар пласман. Конкуренцијата ќе биде исклучително тешка. Ако не освоиме медал задоволен ќе бидам и со пласман во финалето, што секако ќе биде голем успех за нас – истакна Петрушев.
На годинешниот ИКАС 2025, кој годинава се бодува за Светската ранг листа на ИЦФ, ќе настапат над 100 натпреварувачи од 10 земји. Во четирите категории во машка и женска конкуренција, Македонија ќе ја претставуваат дваесетина кајакари.