Нов трипл-дабл на Јокиќ во новата ера на Денвер (ВИДЕО)

270

Кошаркарите на Денвер го победија Сакраменто со 124:116 и ја прекинаа серијата од четири порази во НБА лигата. Ова беше првиот натпревар за Нагетс без тренерот Мајкл Мелоун и генералниот директор Калвин Бут.

Српскиот центар Никола Јокиќ имаше уште добра партија, оствари нов трипл-дабл. Тој постигна 20 поени, 12 скока и 11 асистенции, што е негов 32. трипл-дабл сезонава, во првиот натпревар на Нагетс во ерата „пост Мелоун“.

Кристијан Браун постигна 25 поени, Мајкл Портер и Арон Гордон со по 21, а Џејлен Пикет со 18 поени. Во тимот на Сакраменто најефикасен беше Зек Левин со 27 поени и 11 скока, Демар Дерозан постигна 22 поени.

На два натпревари пред крајот на регуларниот дел од сезоната, Денвер е изедначен со Лос Анџелес Клиперс (48/32) на четвртото место во поредокот на Западната конференција. Сакраменто е деветти со 39/41.

Орландо – Бостон 96:76
Вашингтон – Филаделфија 103:122
Далас – ЛА Лејкерс 97:112
Торонто – Шарлот 126:96
Чикаго – Мајами 119:111
Јута – Портланд 133:126
Голден Стејт – Сан Антонио 111:114
Феникс – Оклахома 112:125
Сакраменто – Денвер 116:124
ЛА Клиперс – Хјустон 134:117

ПретходноДончиќ се врати во Далас: Прво се расплака, па ги растури Маверикс (ВИДЕО)
СледноФлик ги предупреди фудбалерите: Никогаш, ама никогаш не смееме да го помислиме тоа!