Бразилскиот голгетер од екипата на Барселона, Рафиња е главен кандидат за освојување на Златната топка за 2025 година.
Крилниот напаѓач на Барселона се смета за фаворит за освојување на наградата, откако букмејкерите го ставија на врвот на листата на потенцијални освојувачи на престижната награда на „Франс Фудбал“. Коефициентот за Рафиња да ја освои оваа награда е само 2.20 што е адекватно на 45% шанси да се добие наградата.
Според обложувалниците, Мохамед Салах и Ламин Јамал имаат подеднакви шанси во трката за оваа награда. Тие се на делба на второто и третото место со коефициент – 6.00.