Почина Лео Бенхакер, тренерот кој на Реал му донесе три титули во Шпанија

142

Познатиот холандски фудбалски тренер Лео Бенхакер почина денеска на 83-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Иако немаше значајна играчка кариера, сепак, како тренер ги водеше Ајакс, Сарагоса, Реал Мадрид и Феенорд, додека како селектор ги водеше Холандија, Саудиска Арабија, Тринидад и Тобаго и Полска.

Со Реал Мадрид освои три титули во лигата и Купот на кралот, а со Ајакс двапати беше холандски шампион.

ПретходноЧелзи може да мисли на полуфинале во КЛ, Бодо го „растури“ Лацио во ЛЕ (ВИДЕО)
СледноШтип УГД направи прв чекор кон финалето на плеј-офот