Се правеше дека ништо не се случува додека навивачите со овации го поздравија Дончиќ (ВИДЕО)

1175

Натпреварот на Лејкерс во Далас го одбележа Лука Дончиќ, љубовта на навивачите кон него и Ник Херисон, кој го избрка од клубот.

Лука Дончиќ по неколку месеци се врати во Далас – не за да игра за тимот за кој со години беше најдобар играч, туку целосно да ги уништи во дресот на Лос Анџелес Лејкерс. Словенечкиот кошаркар заплака додека гледаше краток филм за себе, а потоа постигна 45 поени и доби овации, а неговото емотивно враќање во градот ќе остане запаметено по уште еден детал.

Додека неговите соиграчи ја повикуваа публиката во Далас да му покажат љубов уште погласно, Лука со насмевка на лицето им мавташе на навивачите. Дончиќ многу добро знае дека сите вистински навивачи на Далас Маверикс го обожаваат поради се што направи во дресот на нивниот тим, кој воопшто не сакаше да го напушти. Тоа беше многу контроверзна одлука на генералниот менаџер Ник Харисон, кој се договори за трејд со Лејкерси.

Секако, Херисон беше во салата додека навивачите му покажаа на Дончиќ дека го сакаат. Камерите го фатија во еден момент, токму за време на овациите, Херисон се правеше дека ништо не се случува – свесен дека со губењето на Дончиќ ја уништи и сегашноста и блиската иднина на франшизата.

ПретходноНезаборавна шлаканица за Лука Модриќ од соблекувалната на Реал Мадрид
СледноЛевандовски е скромен: Играме тимски – тоа е најважно