Македонската сноуборд репрезентација изминативе денови беше дел од државниот шампионат на Бугарија, кој што се одржа во Банско, и на кој се претставија во добро светло. Во силна конкуренција, освоени се нови ФИС бодови кои за нашите сноубордери секако дека се голем плус во билдањето на рејтингот.
Банско како дестинација е исклучително популарна за овој тип на спорт, а нашиот тим секако дека собра драгоцено искуство за периодот кој што следува.