Челзи може да мисли на полуфинале во КЛ, Бодо го „растури“ Лацио во ЛЕ (ВИДЕО)

134

Англиски Челзи ја совладаа Легија во Варшава со убедливи 3:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Конференциската лига и со две нозе зачекори кон очекуваното полуфинале. „Сините“ решија повеќе од половина од работата во главниот град на Полска, па реваншот на „Стемфорд Бриџ“ треба да биде формалност.

Во првото полувреме „бункерот“ на домашните успеа да ги издржи налетите на гостите, но се „пропадна“ подоцна, кога трипати капитулираше одбраната на Легија. Челзи поведе во 49. минута Џорџ погоди за водство, а осум минути подоцна, мадуеке зголеми и на 0:2.

Конечните и убедливи 0:3  во корист на „сините“ ги постави Мадуеке со втор гол во 74. минута.

Фудбалерите на норвешки Боде Глимт на домашен терен го победија Лацио со 2:0, во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на Европа. Херој на домашните беше играчот од средниот ред Улрик Салтенс, кој ги постигна двата гола – во 47. и 69. минута.

Шампионот на Норвешка, кој сезонава беше елиминиран од Црвена звезда во плејофот за влез во Лигата на шампионите, одигра фантастичен натпревар во специфични услови на својот стадион и на терен со вештачка подлога. Овој тим беше толку доминантен што Лацио дури може да се задоволи што ќе брка „само“ два гола негатива во реваншот.

ПретходноАл Наср му нуди нов двегодишен договор на 40-годишниот Роналдо
СледноПочина Лео Бенхакер, тренерот кој на Реал му донесе три титули во Шпанија