Македонскиот интернационалец и репрезентативец Дарко Чурлинов вечерва од 21:00 часот ќе го одигра првиот од двата меча против тимот на шпански Бетис во рамките од елиминационата фаза од Лигата на Конференции.
Чурлинов со својот тим Јагиелонија има тешка задача пред себе, да елиминира сериозен противник, но реално шансата за вакво нешто, за клуб како Јагиелонија и не се случува така често па токму затоа полскиот состав секако дека сака да ја искористи.
Што се однесува до Чурлинов, тој веројатно ќе го стартува дуелот од клупата, и ќе чека шанса во вториот дел.