Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Штип УГД, ја потврди фаворитската улога во првото полуфинале на плеј-офот во домашното првенство и извојува експресна победа во првиот дуел со екипата на Универзитет во Тетово.
ШТИП УГД – УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО 3:0 (25:14, 25:20, 25:21)
Вечерва на домашен терен, момците на Кристиан Ристески славеа со максимални 3:0 против тетовци и зачекорија кон големото финале. Според системот на натпревари во полуфиналето се игра до две победи, така што штипјани веќе на реваншот со победа можат да си обезбедат финале.
Во вториот полуфинален дуел играат Струмица и ГОК Борец. Првиот меч меѓу овие два тима е закажан за утре од 18 часот.