Левандовски е скромен: Играме тимски – тоа е најважно

175
Фото: ФЦ Барселона/Твитер

Напаѓачот на Барселона Роберт Левандовски беше задоволен по победата од 4:0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд. Традиционално, тој повторно го казни својот поранешен тим, не еднаш, туку двапати. Сепак, тој претпочиташе да не се истакнува, но изјави дека е задоволен што тој и неговите соиграчи играле како тим.

„Мислам дека се претставивме добро, но се уште не размислуваме за полуфинале. Не е важно каде играме, секогаш се трудиме да ја покажеме нашата игра. Во Дортмунд повторно ќе го направиме истото и ќе играме на победа. 

Играме тимски, и тоа е најважно. Се разбираме и на теренот и надвор од него. Тимот има голем потенцијал. Ова е голем чекор, но мораме да направиме уште четири. Во мојата глава, секогаш се трудам да му помогнам на тимот со мојата класа. Сепак, кога сите играат на ниво, тогаш е најдобро”, изјави по мечот Роберт Левандовски.

ПретходноСе правеше дека ништо не се случува додека навивачите со овации го поздравија Дончиќ (ВИДЕО)
СледноПорака на Винисиус до навивачите на Реал која им ја „замрзна крвта“ на вљубениците во Арсенал