По одигрувањето на првите четвртфинални средби во Лигата на шампионите, супер-компјутерот на компанијата „Опта спорт“ излезе со нови симулативни прогнози околу тоа кој ќе биде новиот европски шампион.
Интересно, по одличната партија против Реал (М), сега на првото место на листата на фаворити изби Арсенал, кој ја помина Барселона на која супер-компјутерот и аваше најмногу шанси за титулата пред одигрувањето на првите четвртфинални дуели.
Суперкомпјутерот пресмета дека трофејот со веројатност од 27,8% ќе го освојат „топчиите“, а Барселона сега има 25,9% шанси за европската круна. Трет фаворит е ПСЖ (21,9%), а по него во ТОП 4 фаворити е и Интер (19,85).
Најмалку шанси (0%) доби Борусија (Д) по тешкиот пораз од Барселона од 4:0.