Кошаркарите на Партизан вечерва беа поразени од Реал Мадрид со 89-91 во 34. коло од Евролигата на белградска Арена, а повторно главна тема беа „Гробар“, кога е во прашање Александар Вучиќ и борбата против режимот во таа земја.
Во Србија со месеци траат протести против Александар Вучиќ и српската влада, а вакви слики се почесто гледаме на спортските терени.
И „Гробари“не го поштедија претседателот на својата држава, кого уште еднаш жестоко го навредуваа на стартот од натпреварот.
„Вучиќ п**еру“, се скандираше во Арената на стартот од натпреварот Партизан-Реал.
Освен тоа, од трибините се слушаа скандирања „пумпа, пумпај, пумпа“ во знак на поддршка на студентските протести кои траат веќе неколку месеци во Србија.
— Dečak iz kraja (@Virim_iz_coska) April 10, 2025