“Биковите“ победнички на гости кај Волфсбург!

36

Вечерва во првиот меч од 29.коло во Бундеслигата, Ред Бул Лајпциг, успеа со 2:3 на гости да слави кај Волфсбург. Секако дека ова е значајна победа на “биковите“ во битката за пласман во Лигата на Шампионите. Сега тие се на 4.место со два бода повеќе од Мајнц кој падна на петтата позиција, но има и меч помалку од Лајпциг.

Опенда во 11.минута, Симонс во 26. и 49.минута донесоа водство од 0:3 за гостите.

Домашните потоа како да се разбудија па со головите на Фишер и Сков Олсен намали на 2:3. Настојуваше да постигне уште еден гол и со тоа да дојде до бод, сепак на крајот трите бода отпатуваа за Лајпциг.

ПретходноШишковски одново со “чиста мрежа“, Борац повторно со победа!
СледноМилан броеше до четири на гостувањето во Удине! Тешка повреда на Мењан кој беше изнесен на носилки! (ВИДЕО)