Играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс е прогласен за играч на колото во Лигата на шампионите.
26-годишниот играч за врска постигна два гола во првиот натпревар од четвртфиналето на турнирот против Реал Мадрид (3:0). Двата гола ги постигна од слободни удари.
Англичанецот ги победи Квича Кварацхелија од ПСЖ, Алесандро Бастони од Интер и Роберт Левандовски од Барселона кои исто така беа во трка за признанието.