Добра вест за Слот: Алисон се враќа на голот на Ливерпул!

40

Алисон Бекер се враќа на голот на Ливерпул. Секако дека ова е добра вест за тренерот на “Редси“, Арне Слот како и сите во клубот. Имено тој целосно заздраве од повредата па ќе биде во стартниот состав на тимот од Енфилд на неделниот меч со Вест Хем кој ќе се игра на „Енфилд“. На прашање на новинарите дали Бразилецот ќе биде во комбинација за овој меч со “Чеканите“, Слот на денешниот прес кусо одговори дека Алисон целосно е фит и дека се очекува да го започне мечот.

Да потсетиме дека тој се здоби со повреда на главата во мартовскиот репрезентативен циклус, па мораше да биде надвор од тимот на средбите со Евертон и Фулам.

Во комбинација ќе биде и Конор Бредли, кој заради повреда отсуствуваше од тимот од февруари.

ПретходноКоментаторот за Несторовски: Подобро да не кажам што слушнав сега…! (ВИДЕО)
СледноОлимпија Милано тргнува по Ти-Џеј Шортс!