Славен Белупо си гази оваа пролет во ХНЛ. Тимот на Илија Несторовски и денеска славеше и тоа против Шибеник на Леонард Жута.Ова беше дуел и на двајца некогашни македонски репрезентативци.
Нестор е познат кој знае малку на шега и да провоцира, па така во еден момент во 22.минута кога Жута се жалеше на повреда, тој вулгарно кажа што кажа. Во директниот пренос тоа убаво се слуша, а коментарот на ТВ преносот малку се насмевна и посочи дека е подобро да не ги повтори зборовите на Илија Несторовски.
Моментот можете да го видите ТУКА.