Килијан Мбапе ќе се жали до УЕФА поради неисплатата на платите од страна на ПСЖ.
Во септември 2024 година, Француската професионална фудбалска лига (LFP) им наложи на парижаните да му ги исплатат сите плати на напаѓачот, кој летото како слободен фудбалер замина во Реал Мадрид.
Мбапе подоцна поднесе жалба до дисциплинската комисија на ЛФП поради неплаќањето, но жалбата беше одбиена бидејќи клубот го одведе ЛФП на суд во Париз.
Денеска се дозна дека 55 милиони евра се замрзнати на сметките на ПСЖ – толку е долгот на клубот кон Мбапе.
Рочиштето е закажано за 26 мај.