Милан броеше до четири на гостувањето во Удине! Тешка повреда на Мењан кој беше изнесен на носилки! (ВИДЕО)

71

Некој ќе рече, а посебно фановите на еден од најголемите клубови во светот…Ова е вистинскиот Милан.

Вечерва во меч од 32.коло во Серија А, Милан како гостин просто го растури Удинезе и тоа среде Удине со 0:4. Според шансите, имаше и поништени голови, Милан можеше да го добие овој меч уште поубедливо, но сепак најважно за стратегот Серџио Консисао дека трите бода се освоени.

А се почна со голот на Рафа Леао во 42.минута за 0:1, серијата голови ја продолжи Павловиќ во судиското продолжение во првото полувреме, па така на пауза се замина со 0:2.

Во второто полувреме Хернандез и Реиндерс ставија точка на оваа убедлива победа на гигантот од Милано кој со овие три бода сега има 51 и се наоѓа на 9.место на табелата во Серија А или -6 во однос на екипите кои се борат за пласман во ЛШ.

Сепак нема некоја причина за славење ако се знае дека голманот Мењан во таа 55.минута имаше судир со Хименез и мораше да биде изнесен на носилки.

Претходно“Биковите“ победнички на гости кај Волфсбург!
СледноЦ.Звезда поразена од Пао и ќе игра во плеј-ин со Баерн на гости!