Машката и женската одбојкарка репрезентација на Македонија до 18 години кои ќе не претставуваат на Европските Младински Олимписки Игри, ЕМОФ 2025 во Скопје ги добија противниците во групната фаза.
Во двете конкуренции ќе настапат по осум селекции кои се поделени во две групи по четири екипи, кои прво ќе разигруваат во групна фаза (секој со секого), а потоа се играат натпреварите за пласман.
Во машка конкуренција Македонија е дел од групата А заедно со Франција, Белгија и Словенија, додека во групата Б се Италија, Полска, Финска и Чешка.
Кај девојките Македонија исто така е во групата А во која ги пречекува Италија, Турција и Словенија, додека во групата Б разигруваат Германија, Полска, Унгарија и Хрватска.
Натпреварите во одбојка на ЕМОФ 2025 ќе се одржуваат во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, од 21 до 26 јули.
Машката репрезентација до 18 години на ова натпреварување ќе ја предводи стручниот штаб Атанас Милев, Васе Михаилов и Бесим Реџа, додека Никола Јаневиќ и Александар Темелковски ќе ја водат женската селекција до 18 години.