Неверојатно: Мечеви од кошаркарското ЕП 2029 би се играле пред 80.000 гледачи?!

138

Како што е познато, на 22 мај во Рига ќе се одреди кој ќе биде домаќинот на ЕП 2029 година во кошарка. Главни кандидати за тоа се Шпанија, Грција, Словенија и Литванија.

Од Шпанската кошаркарска федерација доаѓаат информации дека ако оваа земја го добие европскиот шампионат, тогаш дел од натпреварите, а првиот меч секако, би се играл во Мадрид и тоа на “Сантијаго Бернабеу“ пред 80.000 гледачи.

Секако дека тоа би било мега -спектакл, но исто така секако дека прво Шпанија треба да го добие ЕП.

Шпанците од друга страна веруваат дека ова би можело да биде решавачки фактор за тоа токму оваа земја да биде домаќин на ЕП 2029 година.

ПретходноАко Ипсвич испадне, Делап ќе чини само 30 милиони фунти
СледноКоментаторот за Несторовски: Подобро да не кажам што слушнав сега…! (ВИДЕО)