Славен Белупо – Шибеник 2:0 во меч од ХНЛ. Ништо необично и неважно за нас на прв поглед, но треба да се каже дека ова беше и “македоско дерби“ и тоа помеѓу некогашните соиграчи во репрезентацијата. Илија Несторовски и Леонард Жута. Иако не постигна гол, сепак Нестор може да биде среќен зошто со оваа победа неговиот тим ја продолжува битката за излез во Европа.
Што се однесува до тимот на Жута тој и натаму е во агонија. До вчера играчите воопшто не сакаа да отпатуваат на гостувањето во Копривница поради неисплатени плати, сепак го одиграа овој меч.
И Несторовски и Жута беа во игра цело време во своите екипи.