Како што денеска пренесува порталот „Sportando.Basketball“, Олимпија Милано и тоа како го посакува македонскиот репрезентативец Ти – Џеј Шортс.
По лошата, односно катастрофална сезона која ја имаат “манекените“ од Милано, се чини дека се е подготвено за целосна реконструкција на тимот а една од желбите е и бекот на Париз, кој оваа сезона игра фантастично и важи за еден од најдобрите кошаркаркари во Евролигата.
Инаку познато е дека откако не доби адекватна шанса и минутажа, нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ ќе си оди од Милано.
Изгледа дека Олимпија како да не може без македонски репрезентативци.
Сепак да се дојде до Шортс нема да биде лесно, ако се знае дека за него голем интерес пројавуваат барем половина од екипите кои играат во Евролигата.