Поп Арсова ќе ја претставува Македонија на Eвропското првенство на друмски трки

50

Најдобрата македонска атлетичарка на долги патеки, Адријана Поп Арсова ќе настапи на Европско првенство на друмски трки.

Станува збор за Европско првенство кое е нов формат на натпревари на Европската Атлетска Федерација, а премиерното издание ќе се одржи претстојниот викенд во Брисел со трки во должина од 10 км, полумаратон и маратон.

Нашата Адријана ќе настапи на трката на 10 километри во недела со почеток во 9 часот и 30 минути.

ПретходноМанчестер Ј. ќе го менува Онана со голман на Парма
СледноНов скандал во Италија: Под истрага неколку познати фудбалери за нелегално обложување!