Уште еднаш нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски не доби шанса да биде на голот на Валенсија. Вечерва на свој терен Валенсија со 1:0 славеше важна победа над Севилја, а голот на домашните го чуваше Мамардашвили, додека Македонецот од клупата за резерви го следеше настапот на својата екипа.
Валенсија успеа да дојде до трите бода благодарение на голот на Гера во 45+4.минута.
Со овие три бода сега тимот од “Местаља“ со 37.бода ја прескокна Севилја на табелата и се наоѓа на 12.место а составот од Андалузија е на 13.место.