Утре ќе се одбележат 100 дена до почетокот на ЕМОФ Скопје 2025

33

Утре во 12 часот во трговскиот центар Ист Гејт Мол во Скопје ќе се одржи настанот „Одбројување 100 дена до ЕМОФ“.  Овој настан го одбележува почетокот на одбројувањето до Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, најголемиот спортски настан во историјата на нашата држава, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули.

Програмата вклучува спортски и забавни активности за сите возрасти, како турнири во 3х3 баскет, интерактивни работилници и презентации поврзани со олимписките вредности. Настанот има и хуманитарен карактер, со посебен фокус на поддршка на семејствата погодени од неодамнешната трагедија во Кочани.

Настанот „100 дена до ЕМОФ“ претставува одлична можност за младите и сите љубители на спортот да се запознаат поблиску со концептот на Европскиот младински олимписки фестивал, неговото значење и влијание врз младинскиот спорт во Европа. Преку учество во планираните активности, посетителите ќе можат да го почувствуваат олимпискиот дух и да станат дел од одбројувањето до почетокот на фестивалот. Оваа манифестација е исто така и повик до сите заинтересирани да се вклучат како волонтери или поддржувачи на ЕМОФ Скопје 2025, придонесувајќи кон успешна организација и реализација на настанот.

ПретходноИ судиите во „штрајк“ се огласија: Предлогот „земи или остави“ го одбија речиси сите
СледноВардар 1961 не виде мака со ГРК Охрид (ФОТО)