Екипата на ФК Вардар продолжува со исплаќање на долговите на поранешните раководства. На списокот на членови кои ги блокираа „црвено-црните“ е довчерашниот фудбалер, Владица Брдаровски.
Од таборот на ФК Вардар порачаа дека нему му се исплатени 144.422 евра.
„Извршниот директор на АД ФК Вардар, Г-дин Миленко Неделковски, ја известува заинтересираната јавност дека е исплатена комплетната сума од блокадата на поранешниот фудбалер на ФК Вардар Владица Брдаровски, во вкупен износ од
8.759.000 денари (144,422 евра).
Финансиската консолидација продолжува“, се вели во соопштението на ФК Вардар.