Фудбалската академија најверојатно ќе биде затворена

1534

Поради сите случувања низ годините, а и самата неефективност на нејзиното постоење, Фудбалската академија на ФФМ најверојатно ќе биде затворена. Ова го потенцираше и на денешниот брифинг со новинарите, техничкиот директор на младите селекции при ФФМ, Ѓорѓи Христов.

„За првпат по речиси цела деценија пред една недела три деца се избркани поради недисциплина. Досега никој не е избркан, а скандали имало многу. Тие деца треба да играат колективен фудбал во нашиот систем, а не играат натпревари. Академијата вака повеќе нема да функционира. Јас сакам да се реконструира објектот, но не можам да кажам во моментов дали то аќе се случи. Како што стојат работите, академијата повеќе нема да постои“, потенцираше Христов.

ПретходноКФСМ се огласи: Судиите преку ноќ не прифатија делумна исплата на долговите!
СледноЈанта Волеј тргна победнички во плеј-оф полуфиналето