И петти меч во серија, од кој еден во Купот, Дамјан Шишковски има “чиста мрежа“ на голот на Борац Бања Лука. Откако Македонецот доби шанса да биде прв голман на тимот кој што имаше оваа сезона блескави настапи во Европа, просто е несовладлив. Па така и вечерва Шишко ја сочува својата мрежа нечепната на мечопт против Слобода Тузла и му помогна на својот тим да дојде до нова победа.
“Македонскиот“ Борац вечерва слвеше со 2:0 и со тоа се искачи на чечната позиција на табелата во елитната лига на БиХ. Стартер на овој меч беше и Бобан Николов, додека Себастијан Херера не беше во записникот.
Инаку познато е дека овој тим е предводен од Младен Жижовиќ, некогашен стратег на Шкупи.