Одбојкарките на Јанта Волеј со победа ја отворија полуфиналната серија во домашниот шампионат во женска конкуренција. Синоќа во првиот дуел против скопските ривалки Фит Фан Волеј, актуелните финалистки во Купот на Македонија славеа во четири сета.
ЈАНТА ВОЛЕЈ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 3:1 (25:15, 21:25, 25:13, 25:18)
Со оваа победа Јанта Волеј на на само еден триумф до обезбедување на пласман во големото финале на плеј-офот. Фит Фан Волеј, пак, на реваншот ќе се обиде да дојде до првата победа и да се избори за „мајсторка“.
Во второто полуфинале денеска од 18 часот ќе се сретнат екипите на Работнички и Наковски Волеј. Мечот ќе се одигра во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“.