Овој викенд нема да стартува ниту еден меч во четвртфиналето на плеј-офот во Првата лига.
Причината за ова се судиите на кои им се должат пари за околу шест кола, па одлучија да се повлечат се додека не бидат исплатени.
Иако на состанок со првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ било договрено да бидат добијат парични средства за три кола, средства кои се добиени од МТЕЛ и се наменети за овие трошоци, сепак претставниците на судиите ја промениле одлуката и решиле да штрајкуваат.
Како што дознаваме тие побарале да им биде подмирен целиот долг бидејќи стравувале дека новото раководство нема да им ги признае долговите. Што пак е многу чудно.
За потсетување поднесена е иницијатива за смена на Антиќ од страна на Младен Ѓуроски, кој е единствен кандидат за Вонредното Изборно Собрание.
Во текот на денот се чека и официјално соопштение од страна на федерацијата која и натаму ги нема добиено парите од Министерството за спорт.
Плеј-оф во Првата лига:
(1) МЗТ Скопје – Феникс 2010 (8)
(2) ТФТ Скопје – Чаир 2030 (7)
(3) Работнички – Пелистер (6)
(4) МКК Куманово – Кожув (5)