Манчестер Јунајтед го засили скаутирањето на голманот на Парма, Зион Сузуки.
22-годишниот голман на италијанскиот прволигаш е проценет на 40 милиони фунти од неговиот клуб Парма, а доколку биде купен ова лето ќе го замени Андре Онана на голот на „црвените ѓаволи“.
Сузуки е роден во САД, но тој е јапонски репрезентативец со 18 натпревари.
Тој му се приклучи на италијанскиот клуб во текот на летото за околу 7 милиони фунти.