Месина објасни зошто Димитријевиќ не беше во составот!

526
Фото: Олимпија Милано/Фејсбук

Ненад Димитријевиќ втор натпревар по ред не се најде во составот на Олимпија Милно во меч од Евролига. Тренерот Еторе Месина го изостави најдобриот македонски кошаркар за натпреварот со Басконија.

На прес-конференција Месина беше запрашан зошто Нено не е во составот.

„Тоа беше моја техничка одлука“, беше краткиот одговор на искусниот стратег, кој оваа сезона забележа фијаско во Евролига, ако се земе големиот буџет кој беше одвоен.

Според најавите од Италија, Нено не е задоволен од статусот кој го има во клубот, поточно од неговата минутажа, па нема да биде ништо чудно доколку си замине од Милано. За него веќе вратите се широко отворени во Уникс Казан, а на неговата адредса сигурно ќе пристигнат интересни понуди.

Димитријевиќ сезонава одигра 27 натпревари во Евролигата со просек од 7,6 поени, 2,9 асистенции и 1,6 скока.

ПретходноНа култниот стадион се случи трагедија: Двајца навивачи загинаа, еден од нив имал само 13 години (ВИДЕО)
СледноКаков ден за фановите на Ливерпул: По Салах, позната е судбината и на Вирџил ван Дајк!