Реал го менува планот по Арсенал: Модриќ, Анчелоти и пет играчи мора да си заминат?

2676

Според пишувањето на порталот Le10sport, кој ги сумираше информациите од повеќе извори, седум членови на Реал Мадрид би можеле да го напуштат клубот ова лето доколку сезоната заврши како целосен дебакл, односно доколку Реал не стане шпански или европски шампион. Во Ла Лига заостануваат четири бода зад првопласираната Барселона, а во Лигата на шампионите загубија со 3:0 од Арсенал во првиот осминафинален натпревар.

Шпанските медиуми почнаа да ја анализираат ситуацијата, а некои тврдат дека е во тек голема чистка. Седум имиња би можеле да го напуштат клубот. Станува збор за Карло Анчелоти, Лукас Васкез, Лука Модриќ, Давид Алаба, Едуардо Камавинга, Арда Ѓулер и Аурелиен Чоамени, велат Шпанците.

Информациите се засноваат на вести објавени во изминатите неколку недели. Јасно е дека Реал Мадрид ќе направи сериозни промени во тимот доколку резултатите се разочарувачки, но тешко е да се очекува дека сите споменати играчи ќе си заминат. Некои од нив имаат уште повеќегодишни договори, а во последните изјави истакнаа дека сакаат да останат во клубот.

Во овие ситуации Реал Мадрид доследно го почитува договорот со играчите. Договорите се потпишуваат на одреден период и доколку играчот не сака да замине и одлучи да остане до крајот на договорот, клубот никогаш не го принудува да го напушти.

Сезонава 39-годишниот Лука Модриќ одигра вкупно 49 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања, постигна 4 гола и забележа 7 асистенции, со вкупно 2.357 минути поминати на теренот. Неговиот договор со Реал истекува на крајот на јуни, а Реал во јуни и јули ќе игра на Светското клупско првенство на ФИФА.

ПретходноБитолчани во служба на ракометот: Билетите за Полска речиси распродадени!
СледноАртим Шаќири и Саше Милошевски назначени за координатори на младинските селекции од 2006 до 2012!