Мохамед Салах потпиша нов договор со Ливерпул, соопштија од клубот. Навивачите на „црвените“ можат да здивнат, бидејќи во својот клуб допрва ќе го имаат својот најдобар играч.
Салах влезе во последните месеци од актуелниот договор со Ливерпул, а шпекулациите велат дека ова би можело да биде крај на престојот на 32-годишниот фудбалер на „Енфилд“, но новиот договор ќе го „заклучи“ најпродуктивниот играч во Премиер лигата. Соработката ќе биде продолжена најмалку две сезони.
Така, сега сите во Ливерпул ќе можат да се фокусираат на последните битки за освојување на титулата во Англија. „Црвените“ се лидери на табелата со 11 бодови пред второпласираниот Арсенал на седум кола до крајот, а Салах е импресивен оваа сезона со неверојатни 27 гола и 17 асистенции.
Египќанецот дојде во Ливерпул во 2017 година.
Оттогаш има освоено една Премиер лига и една Лига на шампиони, а во два наврати е прогласен за најдобар фудбалер во Англија.
.@MoSalah has signed a new contract that will keep him with the club beyond the 2024-25 season 😁🔴
— Liverpool FC (@LFC) April 11, 2025