Родик верува во Ноле: Тој ќе се ресетира и ќе се врати на терен многу посилен

220

Некогашниот освојувач на УС Опен од 2003 година, Енди Родик, зборуваше за иднината на најдобриот светски тенисер во историјата, Новал Ѓоковиќ, откако српскиот ас беше елиминиран на стартот на Мастерсот во Монте Карло.

На прашањето дали поразот на Ѓоковиќ од Чилеанецот Алехандро Табиљо е нормален, имајќи предвид дека следниот месец ќе наполни 39 години, Американецот одговори:

„Можеби, но вистинското прашање за Новак е дали може да ја подобри формата во остатокот од сезоната и дали може да биде добар како некогаш. Од моја перспектива, тоа е поважно. Ѓоковиќ ќе се ресетира. Тој ќе се врати на теренот во понеделник и ќе ги продолжи подготовките за сезоната на земјени терени. Секако дека овој натпревар е проблем, но ако направат серија од три или четири победи, ќе се вратат на вистинскиот пат“, смета Родик.

ПретходноМарк Маркез повторно со пол-позиција, овој пат за трката во Катар
СледноПетрушев победник на традиционалниот ИКАС 2025