Адеми со гол ги врати насмевките во Динамо (ВИДЕО)

190

Екипата на Динамо Загреб по огромните проблеми, поразите, смената на тренер, предмалку им се врати на победите во домашниот шампионат. Во дербито против Осијек, тимот од Максимир триумфираше со конечни 2:0, победа во која што со гол учевствуваше и Аријан Адеми.

Нашиот интернационалец не се најде во стартните единаесет каде што пак беше Стефан Ристовски, но сепак успеа да има огромен удел во оваа победа. Со прекрасен гол со глава ја потврди истата во второто полувреме, со што на домашните што се вели им падна голем камен од срцето.
Притисокот пред овој меч беше огромен, Динамо не смееше да си дозволи уште еден лош резултат, а ете кога беше најпотребно тука е искусниот Аки.

 

ПретходноНе се случи чудо во Битола: Полска ја порази Македонија!
СледноБаерн и Дортмунд во екстра дуел си ги поделија бодовите (ВИДЕО)