Екипата на Барселона во моментов има седум бода предност пред најголемиот свој ривал тимот на Реал Мадрид на табелата во Примера. Оваа позиција ја овозможи вечерашната победа на гостувањето кај Легањес од минимални но злато вредни 0:1.
Единствениот гол на овој меч е дело на домашниот играч Саенз кој си постигна автогол во 48.минута и на тој начин во многу му помогна на противникот да дојде до трите бода. Имаше Барселона шанси да ја завери победата но тоа не се случи па мораше да стравува за истата до самиот финиш.
Утре Реал Мадрид мора да одговори со победа на гостувањето кај Алавес.