Подготвувајќи се за реваншот со ПСЖ во четвртфиналето од Лигата на шампионите, екипата на Астон Вила се враќа со три бода од гостувањето кај испаднатиот Саутемптон во мечот од 32. коло во Премиерлигата. Попладнево, гостите од Бирмингем со три гола во вториот дел (и еден промашен пенал) успеаја да ги освојат трите бода и да ја запишат 15-тата победа сезонава со која и натаму остануваат во најтесна трка за ново учество во Лигата на шампионите и следната сезона.
Откако на полувремето не видовме голови, на почетокот на второто полувреме Марко Асенсио промаши пенал за Астон Вила, но со голот на Оли Воткинс во 74. минута, Вила сепак дојде до водство од 0:1. Само 6 минути подоцна Донал Мален погоди и вторпат, за 0:2, а конечните 0:3 ги постави МекЏин со гол во 4. минута од судиското продолжение.
Брајтон двапати поведуваше со голови од пенал, но Лестер успеа да се врати на двапати и да извади бод на гостувањето кај „галебите“. Ова е последна сламка за спас на гостите кои и натаму се со една нога кон Чемпионшип. Двата гола од пенал за домашните ги постигна Жоао Педро, додека головите за реми на Лестер ги постигнаа Мавидиди и Околи.
На мечот во Нотингем голем шок за домашните приреди Дакуре со голот во судиското продолжение на мечот за голема победа на Евертон од 0:1. Ова беше втор пораз за „шумарите“ во низа и полека ризикуваат да го загубат 3. место на табелата.
ПРЕМИЕРЛИГА – 32. КОЛО
Брајтон – Лестер 2:2
Нотингем Ф. – Евертон 0:1
Саутемптон – Астон Вила 0:3