Како што се наближува крајот на сезоната во ВМФЛ, така станува се поинтересна битката за оние први две места кои водат директно во елитата како и за третата позиција која води во баражот за пласман во ПМФЛ.
Па така денеска на програмата се сите средби од 24.коло кои ќе започнат од 16 часот.
Лидерот, тимот на Македонија ЃП гостува кај Кожув во Гевгелија. Јасно е дека “лавовите“ сакаат победа за да и натаму останат на чело на табелата. Вториот Башкими гостува кај Саса. Ова е тешко гостување за кумановци, но тие и досега покажале дека можат да дојдат до три бод на било кој терен.
Во пресрет на ова 24.коло, на делба на третото место се Арсими и Брегалница. Денеска составот од Чегране гостува на Автокоманда во Скопје, додека “сините“ од Штип играат со Вардар Неготино на гости.
Во продолжение можете да ги видите сите двојки од ова денешно коло во ВМФЛ:
ДВОЈКИ ЗА 24.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)
Вардар (Н) – Брегалница
Детонит – Борец
Кожув – Македонија ЃП
Скопје – Арсими
Осогово – Беласица
Вардарски – Охрид
Саса – Башкими
Новаци – Победа
ТАБЕЛА
Македонија ЃП 52, Башкими 50, Арсими 48, Брегалница 48, Охрид 35, Скопје 34, Беласица 34, Детонит 33, Саса 32, Кожув 31, Новаци 24, Вардар (Н) 24, Победа 23, Осогово 17, Борец 13, Вардарски 8