ВМФЛ 24. коло: Башкими со „петарда“ кај Саса, МЃП со кикс реми кај Кожуф

410

Во најновото, 24. коло од второлигашкиот фудбалски шампионат на Македонија, лидерот на оваа конкуренција, тимот на Македонија ЃП одигра само 0:0 на гостувањето кај Кожуф во Гевгелија. Со ова загуби два бода во битката за лидерската позиција на која што атакува и Башкими.

Кумановци пак, имаа денеска одличен ден во Каменица, каде што победија со 0:5 против слабиот тим на Саса.

Брегалница пак, исто така направи кикс губејќи во Неготино од Вардар со 1:0, а катастрофа му се случи на тимот на Охрид на гостувањето кај Богданци. Вардарски иако последен денеска имаше супер ден и победи со 3:0.

Арсими со три бода си заминува од Автокоманда, каде што со 0:2 го доби домашниот тим на Скопје. Новаци и Победа одиграа без голови 0:0.

 

ПретходноВила покажа дека е подготвена за ПСЖ, Евертон ги шокираше „шумарите“
СледноЗвезда со пресврт победа во едно од најлошите дербија во историјата