Во Леверкузен пресреќни: Вирц донесе одлука за својата иднина!

583

Како што пренесуват медиумите во Германија, еден од најдобрите фудбалери во светот, Флоријан Вирц (21) донел одлука за тоа каде ќе ја продолжи својата кариера. Имено еден од најдобрите фудбалери во светот, им кажал на првите луѓе на актуелниот шампион на Германија дека во јуни има намера да се пресели во некој од гигантите. Се разбира дека ова е добра вест за Леверкузен, ако се знае дека за евентуален трансфер на офанзивецот, Баер ќе добие 140 милиони евра.

Вирц има договор со Леверкузен до јуни 2027 година, а Манчестер Сити, Баерн Минхен и секако Реал Мадрид се подготвени да ја платат таа сума.

Секако дека трансферот на Вирц ќе биде еден од најголемите на најзначајни во во летниот преоден рок во светот на фудбалот.

Леверкузен беше задоволен и со 100 милиони евра, потоа сумата порасна на 120, но сега Манчестер Сити е подготвен да плати и 140 милиони евра откако се знае дека Кевин де Брујне ќе си оди по крајот на сезоната.

ПретходноДобри вести од Италија: Мењан отпуштен од болница, набргу се враќа на тренинзи! (ВИДЕО)
СледноМакедонија поразена и од Кипар на БЏК Купот во Ларнака!