Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва во Битола ќе се обиде да ја анулира негативата од првиот бараж меч со Полска (18:22) и да обезбеди пласман на следното Светско првенство кое ќе се одржи кон крајот на оваа година.
Селекторот Кристијан Грчевски веќе го одбра составот со кој ќе се појави на вечерашниот дуел, а на кој ги нема Арсениевска и Гичевска, кои заработија повреди во репрезентативниот камп. Овој меч ќе биде последен во репрезентативниот дрес за Јована Саздовска и Симона Маџовска кои завршуваат со репрезентативната кариера.