Добри вести од Италија: Мењан отпуштен од болница, набргу се враќа на тренинзи! (ВИДЕО)

105

По оној ужасен судир со својот соиграч Хименез на вчерашното гостување во Удине, сиот фудбалски свет беше во шок по тешката повреда на голманот на Милан, Мајк Мењан. Тој веднаш беше префрлен од болница, а утринава добри вести за неговата здравствена состојба. Тој околу 9 часот изутрина беше отпуштен од болница за да потоа веднаш потоа замине во Милано.

Деталните лекарски прегледи констатирано е дека нема потешки повреди и дека набргу ќе се врати на тренинзите. Јасно е дека нема да игра на следниот меч за Милан против Аталанта, а за понатаму ќе одлучат лекарите.

Инаку интересно е тоа што сепак Французинот не ја изгубил свеста, на пат кон болницата бил контактибилен.

ПретходноВечерва пред полни трибини во Битола: Македонските ракометарки ќе бркаат негатива од четири гола!
СледноВо Леверкузен пресреќни: Вирц донесе одлука за својата иднина!