Менаџерот на Њукасл, Еди Хау нема да го води неговиот тим утре на мечот од Премиер лигата на домашен терен против тимот на Манчестер Јунајтед.
Тој е примен во болница, информација која што ја потврди и самиот клуб.
„Еди Хау ќе го пропушти утрешниот натпревар против Манчестер Јунајтед поради болест. Менаџерот на „Страчките“ беше примен во болница доцна во петокот вечерта, откако се чувствуваше лошо неколку дена“. Сите во Њукасл Јунајтед ги упатуваат своите најдобри желби на Еди за брзо закрепнување и дополнителни ажурирања ќе следат во догледно време“, – се вели во соопштението на клубот.
Утрешниот дуел се игра од 18:00 часот.